Спасувачи од Црвен крст од Скопје и аниматори маскирани во костими на детски херои и Дедо Мраз денеска по шести пат се искачија преку ѕидовите на Клиниката за детски болести во Скопје и ги развеселија малите пациенти.
Мотото на акцијата е „Да подариме насмевка“, а ја организира Тимот за одговор при катастрофи – тим за спасување на планина.
Спасувачите и аниматорите во костимите на детските херои – Спајдермен, Бетмен, Мини Маус и со помош на Дедо Мраз ги забавуваа децата и им подарија новогодишни пакетчиња.
(Фото: К. Попов)
(Фото: К. Попов)