Во најголемиот српски затвор, некои од затворениците се опкружени со радоснo лаење и лижење од кучиња скитници.
Затворот во Сремска Митровица, северозападно од Београд, има изградено засолниште за кучињата скитници во внатрешноста на затворот и им побарал на група затвореници да се грижат за кучињата.
Овој потег е дел од проектот со локалните власти направен за поттикнување на ресоцијализацијата на затворениците, притоа решавајќи еден голем проблем на градот, а тоа се кучињата скитници.
Околу дванаесетмина затвореници досега помогнале во згрижувањето на 260 кучиња, од отворањето на засолништето во ноевмри. Ги хранат, ги шетаат и тренираат и им го одржуваат чисто засолништето.
„Го правиме токму истото што би го правеле со сопствените кучиња“, изјави еден од затворениците, Радомир Ѓаковиќ. „Работата со животни е прекрасна, прави времето да ни лета многу побрзо.“
Управата на затворот вели дека клучната цел на проектот е развивање на емпатија и нови вештини кај затворениците кои можат да им бидат од голема корист во иднината, имајќи предвид дека живеат изолирани од надворешниот свет.
Проектот е поддржан од Организација за безбедност и соработка на Европа во склоп на помошта за реформи на Балканската држава, додека таа бара влез во Европската Унија, по неколку кризни години во 1990-ите.