Поликлиниката „Круна МС“ во Скопје годинава одбележува триесет години работа, во кои се истакнуваат спојот на научното истражување и најновата технологија во стоматологијата.
Оттаму велат дека поликлиниката е пионер во приватната стоматолошка дејност во земјава, и од основањето во 1991 досега регистрирани се 150.000 посети на пациенти од земјата и странство. Тие имаат и премиум партнерство со најголемата светска здравствена осигурителна компанија Интернешнл СОС како и други меѓународни осигурителни компании од областа на здравството.
Тимот низ годините го води проф.д-р Славе Наумовски, и во постоењето се издвојува и фактот дека кај нив е поставен првиот приватен стоматолошки рентген панорамикс кабинет во земјава, првиот стоматолошки дигитален РТГ кабинет, како и дека први го претставија ласерското белеење на забите на пациентите.
Составен дел на „Круна МС“ е првата приватна клиника за максилофацијална хирургија-хирургија на лице вилици и врат.