СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ХОЛАНЃАНЕЦ ЗАКОНСКИ ДА СЕ ПОДМЛАДИ ЗА 20 ГОДИНИ

    СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ХОЛАНЃАНЕЦ ЗАКОНСКИ ДА СЕ ПОДМЛАДИ ЗА 20 ГОДИНИЕмиле Рателбанд сакал да си ги зголеми шансите за наоѓање партнерки на Тиндер (Фото: ЕПА)

    Судот во Арнхем го одби барањето на 69-годишен Холанѓанец законски да си го промени датумот на раѓање, со цел да се подмлади за 20 години.

    Емиле Рателбанд го поднесол необичното барање за да си ги зголеми шансите за наоѓање партнерки на социјални мрежи, сметајќи дека поради возраста е дискриминиран.

    „Живееме во време кога можеш да си го промениш името или полот, па зошто не би можел самиот да решам колку години имам?“, изјави Рателбанд минатиот месец.

    Но, судот не се согласи со него, посочувајќи дека многу законски права на човекот се базираат на возраста и нејзина промена би можела да доведе до низа проблеми. Судот заклучи дека не постои правна основа да се прифати неговото барање.

    „Господинот Рателбанд е слободен да се чувствува 20 години помлад и да се однесува соодветно на тоа, но промената на неговите документи би можела да доведе до непосакувани законски и општествени импликации“, соопшти судот.

    Рателбанд претходно изјави дека се чувствува дискриминирано како при барање работа, така и на популарната апликација Тиндер, додавајќи дека и лекарите му кажале дека има тело на 40-годишник.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира