ТАМИ ДАКВОРТ СТАНА ПРВАТА СЕНАТОРКА КОЈА СЕ ПОРОДИЛА ДОДЕКА БИЛА НА ФУНКЦИЈАТА

    ТАМИ ДАКВОРТ СТАНА ПРВАТА СЕНАТОРКА КОЈА СЕ ПОРОДИЛА ДОДЕКА БИЛА НА ФУНКЦИЈАТАДакворт како воена пилотка ги загубила двете нозе во несреќа во Ирак во 2004 година (Фото: Ројтерс)

    Тами Дакворт стана првата американска сенаторка која се породила додека била на оваа функција.

    Педесетгодишната демократка од Илиноис кажа дека бебето Мејли Перл Баулсби го добило името по пратетката на нејзиниот сопруг, која служела како болничарка за време на Втората светска војна.

    Дакворт е поранешната воена пилотка, која ги загубила двете нозе во несреќа во Ирак во 2004 година.

    Воената ветеранка веќе еднаш испиша историја, кога стана прва жена со инвалидитет која била избрана во Сенатот.

    „Родителството не е само женско прашање, тоа е економско прашање, кое ги погодува сите родители, и мажи и жени. Колку и да е предизвикувачки да се усогласат обврските како родител и сенатор, тоа воопшто не ме прави посебен или уникатен вработен родител“, кажа Дакворт, која се породи со првата ќерка во 2014 година, додека беше член на Претставничкиот дом.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари