Полицијата уапсила тинејџерка за која велат дека украла празен воз во њујоршкото метро и кусо го возела за забава, но удрила во друг паркиран воз и избегала. Полицијата трага по машки придружник за кого сметаат дека исто така бил снимен во возот.
Двојката се качила во празниот воз паркиран на метро станицата Бриарвуд во Квинс нешто по полноќ на 12 септември, и некако го вклучиле. Возејќи удриле во друг паркиран воз и избегале, соопшти полицијата. Не е јасно колкава штета предизвикала шегата. Нема информации за повредени, се вели во соопштението на полицијата.
На надзорните фотографии објавени од полициската управа во Њујорк се гледа едно лице облечено целосно во розево, сосе розова капа за туширање, а друго во сина маица. Полицијата ја уапсила 17-годишната девојка следниот ден, и ѝ поднесе кривична пријава.