ТИРКИЗНО ВИНО ХИТ НА ФРАНЦУСКИТЕ ПЛАЖИ

    ТИРКИЗНО ВИНО ХИТ НА ФРАНЦУСКИТЕ ПЛАЖИВиното се филтрира преку лушпите од црно грозје кои содржат природен пигмент, антоцијан, кој му дава на виното сина боја (Фото: Ројтерс )

    Шардоне во тиркизна боја е нов хит во рестораните во јужна Франција. Според Рене Л’ Бејл, дистрибутерот на шпанското вино, на почетокот се продавале по 2.000 шишиња вино, а сега стигнале до бројка од 35.000 шишиња.

    „Ја сакам бојата, таа е совршена за летото. Таа носи среќа, радост“, вели една туристка од Сингапур.

    Виното се филтрира преку лушпите од црно грозје кои содржат природен пигмент, антоцијан, кој му дава на виното сина боја.

    Шпанското вино во Франција се продава за 12 евра (Фото: Ројтерс)

    Л’Бејл патувал во јужна Шпанија, за да пронајде сино вино, за кое вели дека има ароми на цреша, малина и на маракуја.
    Ова не е првото сино вино кое доаѓа од Шпанија. Во 2016 година, шпанската компанија „Гик“ лансираше вино со темна сафирна боја. Но поради неговата етикета на „сино вино“, наиде на бурни реакции од строгите француски правила за означување и затоа само кусо се продаваше во продавниците.

    Дистрибутерот ги отстрани тие етикети и му даде име на виното кое чини 12 евра, „Виндиго“.

    „Мислам дека шишињата што ги нарачавме ќе траат два месеци. Сите го сакаат ова вино“, вели Л’ Бејл за „Ројтерс“. Тој додава дека е преплавен со нарачки од цела Франција, Белгија и Германија, па дури и од Русија, Карипските острови и од Кина.

    „На големите маркети им рековме „Не“.  Сакаме во Франција да го продадеме виното преку мали фирми и продавници“, вели Л’Бејл.

    Во земја каде виното розѐ со децении важеше за поевтина варијанта на црвеното и белото вино, пред да стане модерно во последниве години, не сите го делат мислењето на Л’Бејл дека синото вино ќе опстане долго.

    „Малку е тешко во неговите ароми“, вели Филип Деран, трговец со вино во Сет. „Му треба уште обработка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира