ТОМ ВЕИТС ЈА ПРЕРАБОТИ ИТАЛИЈАНСКАТА АНТИФАШИСТИЧКА ХИМНА „БЕЛА ЧАО“

    ТОМ ВЕИТС ЈА ПРЕРАБОТИ ИТАЛИЈАНСКАТА АНТИФАШИСТИЧКА ХИМНА „БЕЛА ЧАО“Веитс ја преработи „Бела чао“, како соработка со гитаристот Марк Рибот за неговиот претстоен албум „Песни на Отпорот 1948-2018“

    По пауза од две години, 68-годишниот американски пејач, композитор, гитарист и актер Том Веитс се врати на сцената со нова верзија на многу стара песна, која е особено значајна за денешно време на глобално ниво. Станува збор за песната „Бела чао“ (Збогум убавице), која ја преработи во соработка со гитаристот Марк Рибот, кој го најави неговиот претстоен албум „Песни на Отпорот 1948-2018“.

    „Бела чао“ е стара италијанска фолк балада која била преработена за време на Втората светска војна за италијанските антифашистички борци на отпорот и оттогаш стана химна на борбата против фашизмот.

    Спотот го режираше Џем Коен, во кој има паралели на современиот живот, со вокалот на Веитс и снимки од полиција и војници како стојат на барикадите на протестите против Трамп.

    „Му отсвирив повеќе песни на Том од албумот и тој веднаш се поврза со оваа песна. Се разбира, тој дава одреден шмек на сето она што го работи, моите италијански пријатели велат дека звучи како прав партизан“, вели Рибот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира