ТРИ ЖЕНИ КОИ ГО ОБВИНУВААТ ТРАМП ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ПОБАРАА ИСТРАГА ОД КОНГРЕСОТ

    ТРИ ЖЕНИ КОИ ГО ОБВИНУВААТ ТРАМП ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ПОБАРАА ИСТРАГА ОД КОНГРЕСОТЏесика Лидс, Саманта Холви и Рејчел Крукс тврдат дека недоличното однесување на Трамп трае со децении (Фото: АП)

    Трите жени кои го обвинија Доналд Трамп за сексуално вознемирување ги споделија своите приказни во шоуто на Мегин Кели на телевизијата Ен-Би-Си и Белата куќа ги отфрли нивните изјави како целосно лажни.

    Сепак, Џесика Лидс, Саманта Холви и Рејчел Крукс тврдат дека недоличното однесување на сегашниот претседател на САД се повторува со децении.

    „Ваквите тврдења се лажни и веќе оспорени во неколку наврати. Нивните тајминг и апсурдност зборуваат сами за себе“, соопшти Белата куќа.

    Крукс го опиша демантот како смешен.

    „Политичарите мислат дека се имуни на сексуалното вознемирување. Сакаме сите да знаат каков човек е Трамп и колку е перверзен“, вели таа.

    Холви вели дека била многу разочарана кога Трамп победи на изборите.

    „Ние сакаме да ѝ покажеме на Америка каков човек е Трамп и како ги третира жените, а луѓето се однесуваат како да не ги интересира. Тоа боли“, вели Холви.

    Трите жени првпат ги открија своите искуства пред изборите во ноември минатата година и во понеделникот одржаа прес-конференција, на која што го повика Конгресот да спроведе истрага за однесувањето на Трамп.

    „Во последно време се смени односот на Америка кон ова прашање. Ајде да се обидеме повторно“, додаде Холви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира