УБАНГ – СЕЛО ВО НИГЕРИЈА ВО КОЕ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ЗБОРУВААТ РАЗЛИЧНИ ЈАЗИЦИ И СОВРШЕНО СЕ РАЗБИРААТ

    УБАНГ – СЕЛО ВО НИГЕРИЈА ВО КОЕ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ЗБОРУВААТ РАЗЛИЧНИ ЈАЗИЦИ И СОВРШЕНО СЕ РАЗБИРААТМашкиот и женскиот јазик се два сосема различни речници, што ова село го прави уникатно во светски рамки

    Во Убанг, земјоделска заедница во јужна Нигерија, мажите и жените зборуваат различни јазици. Тие гледаат на оваа уникатна различност како на благослов од Господ, но стравуваат дека би можела да исчезне, бидејќи сè поголем број млади се иселуваат, а англискиот станува сè попопуларен.

    Нејасно е колкав е опсегот на разликите помеѓу зборовите во двата јазика, бидејќи не постои шаблон.

    „Тоа е речиси како два различни речници. Има многу зборови што мажите и жените ги делат, но има и целосно различни. Тие не звучат исто, не се со исти букви, тоа се сосема различни зборови“, вели антропологот Чи Чи Ундие, која ја проучуваше заедницата.

    Таа вели дека разликата е поголема отколку помеѓу британската и американската верзија на англискиот. И покрај тоа, мажите и жените совршено се разбираат, како и секаде во светот.

    „Момчињата го зборуваат женскиот јазик во младоста, бидејќи тогаш се почесто покрај своите мајки или други жени. До десетгодишна возраст, од нив се очекува да го научат машкиот јазик. Во еден момент, машките деца сами сфаќаат дека не го зборуваат вистинскиот јазик, никој не им го кажува тоа. Кога ќе почнат да зборуваат на машкиот јазик, тоа е знак дека созреале. Ако до одредена возраст не го сменат јазикот, тие не се сметаат за нормални“, појаснува Чи Чи.

    Оваа заедница е многу горда на своите различни јазици, но нема точна теорија како дошло до тоа.

    „Господ ги создал Адам и Ева, а потоа и народот Убанг. Тој сакал на секоја етничка група да ѝ даде два јазика, но откако создал два за Убанг, сфатил дека нема да има доволно за сите, па запрел. Така само ние сме останале со два јазика“, вели првиот човек на селото.

    Денес, оваа уникатност е загрозена од англискиот јазик, кој во училиштата сè повеќе се меша со јазиците на Убанг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира