УЧЕНИЦИ ОД ФРАНЦИЈА И БИТОЛА ИЗРАБОТУВААТ СПОМЕН ПЛОЧИ СО МАКЕДОНСКИ СИМБОЛИ НА ФРАНЦУСКИ КАМЕН

    УЧЕНИЦИ ОД ФРАНЦИЈА И БИТОЛА ИЗРАБОТУВААТ СПОМЕН ПЛОЧИ СО МАКЕДОНСКИ СИМБОЛИ НА ФРАНЦУСКИ КАМЕНЕдна плоча ќе биде поставена во битолската гимназија, а другата на Француските гробишта во Битола (Фото: СДК.МК)

    Ученици од специјализираното училиште за резба на мермер од Кутонс (Франција) се во посета на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

    Учениците заедно изработуваат спомен плочи, од кои една ќе биде поставена во битолското средно училиште како спомен за десетгодишната соработка помеѓу школите од Долна Нормандија и гимназијата во Битола, а другата на Француските гробишта во Битола, по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна. На првата плоча е изработено македонското знаме, а другата ќе ја содржи картата на Македонија. Плочите се изработени од француски мермер и камен од кој се изградени цели градови во Долна Нормандија.

    Идејата најчесто ја даваат битолските ученици, а изработката е на гостите од Франција (Фото: СДК.МК)

    „Нашите ученици се многу горди да ја покажат вештината и носејќи материјал и алати од Франција, сакаа тука да изработат подарок за училиштето и за градот и со тоа да го зацврстат пријателство помеѓу двете улилишта и народи“, рече професорот Винсент Посо од Франција.

    23 ученици од Франција престојуваат во домовите на учениците од Битола.

    „Идејата за изработките најчесто ја даваат нашите ученици, секако, во соработка со другарите од Фрaнција, зашто преку цела година комуницираат на интернет. Изработката е нивна, но и битолчаните помагаат. Секоја година има размена на триесетина наши и нивни ученици и со тоа се шират и нашата култура и знаењето за Македонија во Франција, но и обратно, за културата и традицијата на Франција се учи во Македонија“, рече професорот Иљо Трајковски од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола.

    За десет години, имало размена на над 250 ученици.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира