НОВИНАРКАТА ЖАНЕТА СКЕРЛЕВ СВОЈОТ РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК ГО ПРЕТВОРИ ВО ОПРЕМА ЗА 11-ТЕ УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛСКО ТРНОВО

    НОВИНАРКАТА ЖАНЕТА СКЕРЛЕВ СВОЈОТ РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК ГО ПРЕТВОРИ ВО ОПРЕМА ЗА 11-ТЕ УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛСКО ТРНОВОНовинарката Жанета Скерлев, долгогодишна уредничка на Македонската редакција на Би-БиСи во Лондон, ја почна донаторската акција за петтолетката „Д-р Трифун Пановски“ во потпелистерското село Трново, во кое има едно одделение со 11 ученици и една наставничка, Ленче Илиевска, позната по тоа што во старото училиште ја претвори во бајка училницата. (Фото: СДК.МК)

    Кога го славеше роденденот на крајот од минатата година, на своите пријатели им рече дека не сака да ѝ купуваат роденденски подароци туку да донираат средства за подрачното училиште „Д-р Трифун Пановски“ во битолското село Трново. Така, новинарката Жанета Скерлев, долгогодишна уредничка на Македонската редакција на Би-Би-Си во Лондон, ја почна донаторската акција за петтолетката во потпелистерското село. Школото има едно одделение со 11 ученици и една наставничка, Ленче Илиевска, позната по тоа што во старото училиште ја претвори во бајка училницата .

    Скерлев донацијата ја собра во рекордно време од нашинци во странство. Со собраните средства купија дидактички материјали и други наставни средства кои деновиве стигнаа во училиштето и го исполнија со детски насмевки. (Фото: СДК.М)

    Скерлев донацијата ја собра во рекордно време од нашинци во странство. Со собраните средства купија дидактички материјали и други наставни средства кои деновиве стигнаа во училиштето и го исполнија со детски насмевки.

    „А децата радости, радости, радости! Вредеше сето ова да се направи, вредеше да организирам, убедувам, потсетувам… не можам да ви опишам каква радост и позитивна енергија и насмевки и гушкања и скокања и смеење“, раскажува Скерлев.

    Жанета е жена со големо срце, нејзиниот подвиг е пример за сите. Сѐ што зедовме од нагледни средства е во функција на воспитно-образовниот процес,  вели оделенската наставничка Ленче Илиевска. (Фото: СДК.МК)

    Во ова училиште настава следат ученици од двете потпелистерски села Трново и Магарево. Токму Магарево, Скерлев, која има и битолско потекло, ја навраќа во детството бидејќи таму нејзините дедо и баба Филип и Вероника Николоски имале викендичка. Раскажува дека летните одмори ги делела меѓу Битола и Загреб, а кога времето го минувала тука претежно била во Магарево, играјќи од утро до мрак ашици, челик чомак, билии, учествувала и во обичајот Тајане-Бојане…

    И кога замина во Лондон, секоја прилика ја користи да дојде.

    „Пријателите од Магарево учеле, а нивните деца учат во училиштето во Трново. Неколку години одевме на приредбите и гледавме во кои услови учеа децата. Училницата со влажни ѕидови во распаѓање, истрошени , испукани, греење на дрва, за тоалетот да не зборувам, собата за наставничката – по казна да пратите некој да седи таму. А приредбите кои ги организираше Ленче им беа фантастични! Имагинативни, ме потсетуваа на стилот на лондонските училишта. А децата во приредбите –среќни“, вели Скерлев.

    Лани летото со сопругот донираа компјутер и еден глобус со Македонија на него, за да имаат децата претстава дека се дел од нешто поголемо. Сега донираа средства за училишни помагала кои ги купија заедно со наставничката, а на лето ќе достават и техничка стока.

    Училиштето иако од надвор изгледа старо, внатре е како ново и убаво средено со донации на бројни фирми и поединци. (Фото: СДК.МК)

    „Жанета е жена со големо срце, нејзиниот подвиг е пример за сите. Сѐ што зедовме од нагледни средства е во функција на воспитно-образовниот процес. Секакви реквизити за часот по физичко воспитување, музички детски инструменти за музичко образование, картички со броеви, бројни низи, едукативни комплети по математика за секое одделение, картици со букви и слогови по македонски јазик. Сè е во функција на наставата. Учениците се пресреќни. Веднаш сакавме сѐ да видеме, да свириме на музичките инструменти, да скокаме на јажиња“, вели оделенската наставничка Ленче Илиевска.

    Оваа настваничка е позната по својата посветеност кон образованиот процес и по креативноста. Во минатите години додека училницата не беше реновирана, таа на небојадисаните испукани ѕидови поставуваше постери, старите прозорци ги прекриваше со завеси, па просторијата наликуваше на бајка од нагледни средства и материјали кои сама ги правеше, а често набавуваше и со сопствени средства и со помош на родителите.

    Согледувајќи ја потребата од помош, а и посветеноста на Ланче кон наставата, во последните две години се јавија и повеќе донатори. Родители на ученици од одделението ја молерисаа и обоија училницата на која се ронеше малтерот, а наредија и плочки во училиштето. Потоа, со донација на битолчанецот Пеце Талевски од продукција „ОХО“ во канцелријата и двете училници се стави ламинат, холот се прекри со плочки, се уреди тоалетот и се постави нова дограма. Воедно, средствата од билети од детскиот мјузикл „Песноден“ се собрани на посебна жиро-сметка и Талевски ќе ги намени за средување на фасадата и училишниот двор.

    Друга битолска фирма за учениците обезбеди училишни ташни и прибор за цела година, нашинец во Австралија купи школски мебел, писателката Гордана Такец детска литература. Училиштето иако од надвор изгледа старо, внатре е како ново и убаво. Останува да се санира покривот и да се обезбеди уште една наставничка, зашто едно лице да работи комбинирана настава со четири одделенија навистина е тешко.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари