ВИП ГОДИНАВА СТАНУВА А1

    ВИП ГОДИНАВА СТАНУВА А1Во текот на оваа година Вип брендот ќе биде заменет со А1 брендот. - Мислав Галер, извршен директор на Вип, Томас Арнолднер, главен извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата и Јиржи Дворјачански, главен извршен директор на Кластерот Хрватска и Македонија (Фото: Вип)

    А1 Телеком Австрија Групацијата, чиј член е телекомуникациската компанија Вип, во 2017 ја објави одлуката постепено да го воведува моќниот А1 бренд за сите свои компании, вклучувајќи го и Вип на македонскиот пазар и оттука, во текот на оваа година Вип брендот ќе биде заменет со А1 брендот, соопшти компанијата.

    „Со континуираните инвестиции и иновации уште од самиот влез на македонскиот пазар, Вип значително придонесува во развојот и унапредувањето на телекомуникацискиот пазар во земјата. Овој тренд и натаму ќе продолжи и под брендот А1, со нови вложувања во мобилната и фиксната инфраструктура, технологии и мрежа на нови генерации, притоа поттикнувајќи го развојот на дигитално општество. Во исто време, под новиот А1 бренд, компанијата ќе продолжи да нуди иновативни решенија кои ќе одговараат на сите комуникациски потреби на корисниците, притоа зацврстувајќи ја дигиталната трансформација на македонското општество“, велат од Вип.

    Воведувањето на А1 брендот на сите пазари каде работи А1 Телеком Австрија Групацијата, велат од компанијата, не само што ќе ја зајакне позицијата на европскиот пазар, туку ќе им овозможи на сите А1 корисници од сите А1 пазари, доследно и единствено бренд искуство.

    „И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега“, појаснуваат од Вип.

    А1 Телеком Австрија Групацијата, водечкиот комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа. А1 Телеком Австрија Групацијата обезбедува услуги (мобилни и фиксни) за приближно 24 милиони корисници вклучувајќи телефонија, безжичен интернет, мултимедијални услуги, податочни услуги, решенија во облак и ИТ услуги, решенија за наплата и дигитални услуги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира