Со огномети, прослави и локални традиции низ светот беше дочекана новата 2018 година.
Една од земјите која прва ја пречека нова година беше Австралија, со спектакуларен огномет над Операта, кој го гледаа стотици луѓе од бродови на пристаништето.
Во Џакарта, Индонезија на новогодишната ноќ се одржа масовна венчавка за сиромашни парови кои не можат да си дозволат соодветна свадбена церемонија.
Будистите со запалени свеќи во рацете ја дочекаа Нвата година за време на прославата во храмот Џоџиса во Сеул, Северна Кореја.
Но, во некои земји 2018 година почна со мрачни сигнали. Еден час по огнометот во Пјонгјанг, Северна Кореја, лидерот Ким Јонг Ун во новогодишното обраќање порача дека земјата го достигнала историскиот подвиг во ‘комплетирање’ на своите нуклеарни сили и покрај противењето на САД.
Во Њујорк Нова година беше дочекана на минус 11 степени, што е една од најстудените новогодишни ноќи во последните 100 години.
Во Истанбул, Турција околу 100 граѓани се собраа пред ноќниот клуб „Реина“, во знак на сеќавање на жртвите од масовното пукање на новогодишната ноќ лани, кога загинаа 39 луѓе.
Во Скопје, градските власти за прв пат не организираа дочек на Нова година на плоштадот Македонија.