ВО ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕН СОВРШЕНО СОЧУВАН МЕЧ СТАР НАД 3.000 ГОДИНИ

    ВО ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕН СОВРШЕНО СОЧУВАН МЕЧ СТАР НАД 3.000 ГОДИНИСе верува дека потекнува од средината на Бронзената доба

    Германските археолози пронајдоа совршено зачуван меч стар повеќе од 3.000 години во гробница во Баварија. Мечот е толку добро сочуван што сѐ уште сјае, кажаа од Баварската канцеларија за заштита на споменици.

    Бил откриен на наоѓалиште во Донау-Риз и истражувачите сметаат дека бил оставен во гробот како погребен подарок. Се верува дека потекнува од крајот на 14. век пред нашата ера, од средината на Бронзената доба.

    Меч од ваков тип, со октагонална дршка и направен целосно од бронза, е редок пронајдок“, кажаа археолозите.

    Тој бил пронајден во гроб покрај моштите на маж, жена и млада личност. Не е јасно во каков однос биле, но биле закопани со богата колекција предмети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира