ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ОДБЕЛЕЖАНИ 500 ГОДИНИ ШВЕДСКА НЕЗАВИСНОСТ И 30 ГОДИНИ СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА

    ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ОДБЕЛЕЖАНИ 500 ГОДИНИ ШВЕДСКА НЕЗАВИСНОСТ И 30 ГОДИНИ СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈАПриготвени беа 500 традиционални шведски слатки од цимет и кардамон. (Фото: Инстаграм/Шведска амбасада)

    Со целовечерна забава во Градскиот парк во Скопје синоќа беа одбележани 500 години независност на Шведска и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Македонија.

    Организатор на настанот насловен „Добри вибрации – музика и иновации“ беше Шведската амбасада во Скопје, која приреди дигиталната изложба „Шведски музички моменти“ и изложба на иновациите на шведските компании.

    Бендот „Бендофф“ и Диџеј Васо направија забава со песни на шведски бендови, пејачи, продуценти и текстописци. (Фото: Инстаграм/Шведска амбасада)

    Приготвени беа 500 традиционални шведски слатки од цимет и кардамон, како и 500 парчиња шведска летна торта од јагоди.

    На почеток на настанот се одржа дискусија со младите, на која беа претставени успешни македонски стартапи основани од млади луѓе, а на „школка“ подоцна настапија „Бендофф“ и Диџеј Васо, правејќи забава со песни на шведски бендови, пејачи, продуценти и текстописци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира