ВО ХАМБУРГ СОБОРЕН СВЕТСКИ РЕКОРД ЗА НАЈМНОГУ ЛИЦА ОБЛЕЧЕНИ КАКО ХАРИ ПОТЕР

    ВО ХАМБУРГ СОБОРЕН СВЕТСКИ РЕКОРД ЗА НАЈМНОГУ ЛИЦА ОБЛЕЧЕНИ КАКО ХАРИ ПОТЕРВкупно 1.748 имитатори се сретнаа во центарот на Хамбург, сите облечени во црни наметки со тркалезни очила и лузна од гром на Потер на челото.(Фото: Дојче Веле)

    Стотици обожаватели на Хари Потер облечени како момчето волшебник се собраа во германскиот град Хамбург во саботата и го соборија светскиот рекорд на Харипотеровци.

    Вкупно 1.748 имитатори се собраа во центарот на Хамбург, сите облечени во црни наметки со тркалезни очила и лузна од гром на челото. Нивниот собир го надмина претходниот светски рекорд од 997 костимирани обожаватели на Хари Потер.

    Германскиот актер Руфус Бек, кој ги раскажува аудио книгите на германски, како што тоа славно го правеше Стивен Фрај на англиски, беше почесен гостин на настанот.

    Според регионалната телевизија на Хамбург, имало уште повеќе костимирани обожаватели кои сакале да учествуваат на настанот. Сепак, не сите од нив успеаја да влезат во оградената област пред градското собрание.

    „Повеќе од 4.400 луѓе дојдоа на фестивалот“, соопшти полицијата.

    Настанот беше посветен на 25-годишнината од објавувањето на германскиот превод на првата книга за Хари Потер -„Хари Потер и филозофскиот камен“. Бестселерот на Џ.К. Роулинг првпат се појави на англиски една година порано, во 1997 година.

    Оригиналната серија на Хари Потер се состои од седум книги објавени од 1997-2007 година, а секоја книга го следи младиот волшебник и неговите пријатели во текот на една учебна година во школата за вештерство и волшепство Хогвортс. Подоцнежната осма книга за Хари Потер беше напишана како драма, чија премиера беше во 2016 година.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира