ВО ИНДИЈА ИМА 21 МИЛИОН „НЕСАКАНИ“ ЖЕНСКИ ДЕЦА

    ВО ИНДИЈА ИМА 21 МИЛИОН „НЕСАКАНИ“ ЖЕНСКИ ДЕЦАСе проценува дека голем број двојки во Индија продолжуваат да прават деца сѐ додека не добијат син (Фото: АФП)

    Желбата на родителите во Индија да имаат синови место ќерки довела до бројка од 21 милион „несакани“ женски деца, стои во извештајот на тамошното министерство за финансии.

    Се проценува дека голем број двојки продолжуваат да прават деца сѐ додека не добијат син.

    Авторите на извештајот го нарекуваат ова „поблага форма на избегнување селективен абортус“, но предупредуваат дека по раѓањето, се води многу помала грижа за женските деца.

    „Традицијата да се преферира машко дете е нешто за што индиското општество треба да се замисли“, се вели во извештајот.

    Тестови за откривање пол на фетусот се нелегални во Индија.

    Постојат повеќе културни причини за оваа традиција: имотот секогаш го наследува машкото дете, семејствата кои имаат ќерка треба да платат мираз кога таа се мажи, а жените, исто така, се селат во куќата на сопругот откако ќе се земат.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари