ВО ИНДОНЕЗИЈА ПРОНАЈДЕН НАЈСТАРИОТ ПЕШТЕРСКИ ЦРТЕЖ НА СВЕТОТ, КОЈ ПОТЕКНУВА ОД ПРЕД 51.200 ГОДИНИ

    ВО ИНДОНЕЗИЈА ПРОНАЈДЕН НАЈСТАРИОТ ПЕШТЕРСКИ ЦРТЕЖ НА СВЕТОТ, КОЈ ПОТЕКНУВА ОД ПРЕД 51.200 ГОДИНИСликата прикажува свиња и најмалку три фигури кои личат на луѓе (Фото: Гети)

    Најстариот пештерски раскажувачки цртеж на светот е откриен на индонезискиот остров Сулавеси. Цртежот кој прикажува свиња и три фигури налик на луѓе е стар најмалку 51.200 години и е повеќе од 5.000 постар од досега познатата најстара пештерска уметност, кој исто така бил откриен во близина. 

    Максим Оберт од универзитетот Грифит во Австралија изјави дека ова откритие ќе ги промени идеите за човечката еволуција.

    Сликата прикажува сложена приказна. Тоа е најстариот познат доказ за раскажување и покажува дека луѓето во тоа време имале капацитет да размислуваат на апстрактни начини“, кажа Оберт.

    Сликата прикажува свиња која стои мирно со делумно отворена уста и најмалку три фигури кои личат на луѓе околу неа.

    Луѓето веројатно раскажуваат приказни веќе 51.200 години, но бидејќи зборовите не можат да се фосилизираат, можеме само на индиректни начини да ги толкуваме сцените од уметноста“, вели Адхи Агус Октавијана, индонезиски експерт за карпеста уметност, кој го водеше истражувањето.

    Најраниот доказ за цртање е пронајден во јужна Африка и датира од пред 75.000-100.000 години и содржи геометриски шаблони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира