„Потрошувачите во Македонија ги следат светските трендови, но остануваат и верни на вкусовите и традицијата кои се важен дел од локалната култура“, вели Марјана Давидовиќ, генерална директорка на „Нестле“ за регионот Јужна Адрија (Македонија, Србија и Црна Гора). За 20 години, колку што „Нестле“ е присутнa на македонскиот пазар, се менувале навиките, потребите и начинот на кој луѓето избираат што ќе купат, но останала приврзаноста кон препознатливите вкусови. Денес компанијата во продавниците низ Македонија е присутна со повеќе од 30 брендови и речиси 400 производи.
Давидовиќ вели дека кога „Нестле“ пред дваесет години почналa да работи во Македонија, идејата не била само на пазарот да се донесат светски познати брендови.
„Кога ‘Нестле’ пред две децении започна со работа во Македонија, амбицијата не беше само да донесеме светски познати брендови на пазарот, туку и да изградиме долгорочни односи со потрошувачите, партнерите и локалната заедница. Од самиот почеток соработуваме со истиот дистрибутер, што е исклучителна реткост и најдобар показател за меѓусебната доверба. Денес, во продавниците низ Македонија е присутнa со повеќе од 30 брендови и речиси 400 производи, вклучувајќи ја категоријата кафе, кулинарското и кондиторското портфолио, па сè до житарки и храна за домашни миленици. Но, она што е најзначајно е дека во текот на сите овие години ‘Нестле’ стана неизоставен дел од секојдневието на семејствата во Македонија. Со годините и развојот на бизнисот растеше и нашиот тим, но и бројот на иницијативи и области преку кои ја поддржуваме заедницата во која работиме и ја возвраќаме довербата на нашите потрошувачи“, вели Давидовиќ.
Кога ќе се наврати на изминатите дваесет години, таа вели дека зад различните периоди и успеси пред сè стојат луѓето. Локалниот тим денес брои 15 луѓе.
„Она што веднаш би го издвоила не датира од далечното минато: нашиот бренд ‘маги’ ја препозна љубовта што луѓето во Македонија ја негуваат кон ракометот и, спојувајќи ги своите жолто-црвени бои со националното знаме, стана горд спонзор на Ракометната федерација на Македонија и страстен навивач на репрезентацијата на патот кон нови успеси. Спортот со себе го носи духот на заедништвото и промовира здрави животни навики, а токму тоа се и вредностите на ‘маги‘. Ако се вратам до самите почетоци, помислувам на многу добри приказни, но она што ги поврзува сите нив се луѓето кои ги направиле успешни. Нашиот локален тим од 15 професионалци покажува дека трудот, посветеноста и длабокото разбирање на локалниот пазар се клучни за градење доверба меѓу потрошувачите и компанијата ‘Нестле’. Воедно, повеќе од благодарни сме им на нашите партнери кои се наша постојана поддршка и кои ни помогнаа да растеме. Нашиот дистрибутер и купувачите, како и нашите партнерски агенции, бизнис-заедницата, стопанските здруженија, сето тоа говори за синергијата што ја имаме и која го гради бизнисот на ‘Нестле’“, вели таа.
Но, приказната за храната и вкусовите за Давидовиќ има и лична страна. Нејзините сеќавања почнуваат од семејниот дом, традиционалните јадења и мирисите што и денес ја враќаат во детството.
„Во моето семејство секогаш добро се готвеше и бројни додатоци за јадења и зачини и ден-денес останаа исти, а познатите традиционални јадења со вкусовите и мирисите секогаш ме враќаат во детството. Подоцна, како и денес, кафето е мојот фаворит и задолжителен дел од секојдневието. Токму во тоа лежи силата на големите брендови: тие не се само производи, туку дел од малите животни моменти на кои се сеќаваме и многу години подоцна“, вели Давидовиќ.
Во изминатите дваесет години, сепак, многу се променило во начинот на кој семејствата избираат и купуваат храна. Според Давидовиќ, тие промени станале особено видливи по пандемијата. Потрошувачите денес се поинформирани, повеќе ги читаат декларациите и се интересираат за потеклото на состојките, но и за влијанието на производите врз здравјето и животната средина.
„Во претходните 20 години, а особено по пандемијата, се промени начинот на кој семејствата купуваат и носат одлуки за исхраната. Потрошувачите се поинформирани, обрнуваат внимание на декларациите на производите, многу се заинтересирани за потеклото на состојките и влијанието што производите го имаат врз здравјето и животната средина. Истовремено, животното темпо е побрзо, па од производите се очекува, покрај квалитет, да понудат и практичност. Ние ги следиме тие промени, ги унапредуваме рецептурите на нашите производи и се трудиме да обезбедиме јасни и транспарентни информации кои им помагаат на потрошувачите да ги донесат најдобрите одлуки при купувањето. Во Македонија им се верува на нашите брендови и тоа е голема привилегија и признание, но пред сè одговорност“, вели Давидовиќ.
Истовремено со новите трендови, македонските потрошувачи остануваат верни на локалните вкусови и традицијата. Интересен показател за специфичноста на македонскиот пазар е продажбата на некои од производите на „Нестле“.
„Потрошувачите во Македонија ги следат светските трендови, додека истовремено остануваат верни на вкусовите и традицијата кои се важен дел од локалната култура. За брендовите е важно, иако ги следат потребите на потрошувачите, да ги задржат својата препознатливост и квалитет. Кога станува збор за ‘Нестле’, би издвоила дека мајонезот ‘томи’ и ладните кафиња ‘нескафе’ денес се најпродавани токму во Македонија во рамките на пазарите на Југоисточна Европа, додека овдешното портфолио на ‘Нестле профешенал’, наменето за HoReCa-објектите, е најбрзорастечко во регионот“, вели Давидовиќ.
За неа, сепак, дваесетгодишното присуство на една компанија на пазарот не се мери само преку продажбата и препознатливоста на производите. Довербата, вели таа, се гради со години, а важен дел од тој однос е и присуството на компанијата во заедницата тогаш кога е потребна поддршка. Како пример ја издвојува соработката со Банката за храна Македонија, но и поддршката на социјалните претпријатија.
„Во текот на две децении се трудевме на потрошувачите да им понудиме производи со висок квалитет, да работиме транспарентно, но пред сè да бидеме присутни тогаш кога на заедницата ѝ е потребна поддршка. Особено сме горди на соработката со Банката за храна Македонија, преку која помагаме храната да стигне до оние на кои им е најпотребна, како и на поддршката на социјалните претпријатија. Таквите иницијативи покажуваат дека довербата не се гради само со квалитетот на производите, туку и со подготвеноста да дадете поддршка тогаш кога таа е неопходна. Потрошувачите денес очекуваат многу повеќе од добар производ, сакаат да знаат кој стои зад брендот, какви вредности застапува и каква трага остава во општеството. Токму затоа настојуваме да бидеме сигурен партнер не само на пазарот, туку и во заедницата“, вели Давидовиќ.
Како глобална компанија, „Нестле “ работи според исти стандарди за квалитет, безбедност на храната и одговорно работење на различни пазари, но Давидовиќ вели дека навиките и очекувањата на потрошувачите не се исти насекаде. Токму затоа, според неа, важна улога имаат луѓето кои добро го познаваат локалниот пазар.
„Стандардите за квалитет, безбедност на храната и одговорно работење се исти насекаде во светот, додека локалните навики и очекувања се единствени. Тоа е една од причините зошто ни се важни луѓето кои го разбираат локалниот контекст. Согледувањата од теренот, заедно со обемните истражувања, потврдуваат дека Македонија е пазар со јасни потрошувачки навики и преференции. Во изминатите 20 години научивме дека најдобриот пристап е спој на глобалното знаење и локалното разбирање. На тие темели продолжуваме да ја градиме иднината на работењето на ‘Нестле’ во Македонија“, вели Давидовиќ.
*Комерцијална објава




