ВО МОНТЕ КАРЛО САКАА ДА НИ ГО КУПАТ „РЕНОТО 4“ СО КОЕ ДОЈДОВМЕ ОД СТОЈАКОВО, ВЕЛАТ ДВАЈЦАТА АВТОМОБИЛИСТИ

    ВО МОНТЕ КАРЛО САКАА ДА НИ ГО КУПАТ „РЕНОТО 4“ СО КОЕ ДОЈДОВМЕ ОД СТОЈАКОВО, ВЕЛАТ ДВАЈЦАТА АВТОМОБИЛИСТИЃорги Николов и Џоко Шуклев велат дека ги посетиле сите места на Азурниот брег, но најинтересно било кога се паркирале пред казино во Монако каде морало да интервенира и обезбедувањето, за нивното возило „рено 4“ да добие привилегиран паркинг до возило „ролс-ројс“ (Фото: Фејсбук)

    Автомобилот „рено 4’’ од Стојаково предизвика огромен интерес на автосаемот на олдтајмери во Монте Карло во Монако. Посетителите се изненадиле кога слушнале дека автомобилот доаѓа од Македонија и бил реставриран за само 2 месеци, а згора на сѐ дека патувале со него 2 .200 километри до Франција.

    Како што ни рекоа двајцата авантуристи Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев, секаде каде што застанале по предвидената рута го привлекле вниманието на минувачите и биле горди што ја преставувале Македонија како љубители на олдтајмери. Николов вели дека добивале и понуди да им го откупат возилото.

    „Најинтересно беше пред казино во Монако. Бевме атракција. Минувачите почнаа да не фотографираат со ‘реното’ и се интересираа за ознаката МК на автомобилот. Мислеа дека доаѓаме од Макао, а ние моравме да објаснувавме дека доѓаме од Македонија“, велат Николов и Шуклев (Фото: Фејсбук)

    „Добивме многу честитки за нашиот подвиг да поминеме илјадници километри за да стигнеме до Азурниот Брег од Стојаково, Македонија. Следуваа и обиди да се добие цена за откуп на нашето ‘рено 4’’. На крај добивме покана за саемот следната година, но да реставрираме друг француски модел на возило, по можност тоа да биде ‘пежо’ или ‘ситроен’ што нас нѐ заинтересира“, ни кажа Николов.

    Ѓорги Николов и Џоко Шуклев велат дека ги посетиле сите места на Азурниот Брег, но најинтересно било кога се паркирале пред казино во Монако, каде морало да интервенира и обезбедувањето за нивното возило „рено 4“ да добие ВИП паркинг до возило „ролс-ројс“.

    Реставрираното „рено 4“ во ВИП паркингот и на автосаемот на олддатјмери (Фото: Фејсбук)

    „Дефинитивно најинтересно беше пред казино во Монако. Бевме атракција. Минувачите почнаа да нè фотографираат со ‘реното’ и се интересираа за ознаката МК на автомобилот. Мислеа дека доаѓаме од Макао, а ние моравме да објаснувавме дека доаѓаме од Македонија. Обезбедувањето го смести ‘реното’ во ВИП паркингот што нам посебно ни годеше’’, велат авантуристите од Стојаково кои го привлекоа вниманието на автомобилската јавност во Македонија со нивниот потфат, а поддршка добија и од министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    Тие успеале да се паркираат на неколку минути и пред црвениот килим на палатата на Канскиот филмски фестивал, каде исто така нивното возило „рено 4“ привлекло внимание. Сметале дека мора да застанат пред црвениот килим оти нивниот потфат се случувал како на филм.

    Возилото „рено 4“ пред фестивалската палата во Кан (Фото: Фејсбук)

    „Нашето патештествие до овде беше како филм, имавме развновидни случки од поддршка до нагло удирање пред словенечката граница, но еве се враќаме во Македонија преку Јадранската магистрала директно до Стојаково“, кажаа Николов и Шуклев кои својата авантура ја почнаа на 13 август преку поранешните југословенски републики, па од Италија до Франција, а во Стојаково се очекуваат в сабота.

    Двајцата авантуристи возилото старо 40 години го реставрирале за два месеци. Благодарние на повеќе фирми и поединци потрошиле 4 илјади евра, а целиот потфат ги чинел околу 6 илјади евра.

    Двајцата стојачани најавуваат дека ваква тура планираат и до Владивосток во Русија, но со некој руски модел на возило.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира