ВО ПРЕСРЕТ НА 99. РОДЕНДЕН, ДЕЈВИД АТЕНБОРО ВЕЛИ ДЕКА ГО ОБЈАВУВА ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ФИЛМОВИ ВО НЕГОВАТА КАРИЕРА

    ВО ПРЕСРЕТ НА 99. РОДЕНДЕН, ДЕЈВИД АТЕНБОРО ВЕЛИ ДЕКА ГО ОБЈАВУВА ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ФИЛМОВИ ВО НЕГОВАТА КАРИЕРААтенборо го посвети својот живот на конзерваторството и во ТВ-кариерата долга речиси седум децении беше автор и водител на стотици серии и емисии за природата (Фото: Гети)

    Сер Дејвид Атенборо вели дека ќе го објави еден од најважните филмови во својата кариера, како што навлегува во својата 100. година. Омилениот светски природонаучник и документарист верува дека долгометражниот филм „Океан“ би можел да има клучна улога во спасувањето на биодиверзитетот и заштитата на планетата од климатските промени.

    По речиси 100 години на оваа планета, сфаќам дека најважното место на Земјата не е на копното, туку во морето. Океанот е најважниот систем за поддршка на Земјата и најголемиот сојузник на човештвото против климатската катастрофа“, кажа Атенборо, кој в четврток ќе наполни 99 години.

    Океан“ ќе има светска премиера вечерва во Лондон, при што се очекува доаѓањето на бројни славни личности. Филмот документира како се промениле состојбата на океаните и нашето разбирање за тоа како тие функционираат во текот на животот на Атенборо.

    Поради состојбата во која се наоѓаат океаните речиси ја изгубив надежта за иднината на планетата, но она што ме спаси од очајот е неверојатното откритие дека тие закрепнуваат побрзо одошто сме замислувале“, кажа Атенборо.

    Клучната порака на неговиот филм е дека не е се изгубено и се надева дека тој ќе ги поттикне светските лидери да преземат решителна акција.

    Еден од режисерите на филмот Кит Скули соработува со Атенборо веќе 44 години.

    Иако се ближи кон 99. година, тој и натаму е многу енергичен. Секогаш кога работите со Дејвид учите нешто ново“, вели тој.

    Атенборо го посвети својот живот на конзерваторството и во ТВ-кариерата долга речиси седум децении беше автор и водител на стотици серии и емисии за природата. Ако некогаш посакате да ги изгледате сите негови документарци, ќе ви требаат над 46.000 часови.

    Почнал да работи за Би-Би-Си откако ја напуштил кралската морнарица и првиот ТВ-ангажман во странство му бил во Сиера Леоне во 1956 година. Оттогаш, многупати ја обиколил Земјата и ги прошетал сите континенти, запознавајќи нови и необични живи суштества, но и сведочел на штетата што ја предизвикал човекот. Во изминатите години, документарците на Атенборо ја шират пораката за спас на планетата и тој беше еден од првите кој предупреди на проблемот со климатските промени.

    За него се вели дека е човек кој најмногу пропатувал во историјата, со исклучок на астронаутите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира