ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН НОВИОТ ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР „ПРЕМИУМ“

    ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН НОВИОТ ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР „ПРЕМИУМ“Германскиот заменик-амбасадор во Македонија Ото Граф, градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и генералниот директор на „Мак Аутостар“, Зоран Марковски на свеченото отворање на деловниот центар „Премиум“

    Нова деловна зграда се отвори денеска во скопската општина Гази Баба, на брегот на Вардар на булеварот Киро Глигоров во Скопје. Инвеститор е компанијата „Мак Аутостар“, официјален претствник на „мерцедес“ и „мицубиши“. Деловниот центар „Премиум“, наменет за изнајмување работен простор  се простира на седум спрата со вкупна корисна површина од 12.000 квадратни метри и подземен паркинг простор на три нивоа од 5.000 квадратни метри.

    „25 години стоиме зад мислата – чувствувајте се како дома во вашата канцеларија. Оваа идеја сакаме да ја споделиме со другите компании, градејќи објект во вредност од над 10 милиони евра, каде што во најсовремени услови ќе може да се гради својот бизнис“, рече генералниот директор на „Мак Аутостар“, Зоран Марковски.

    Објектот се наоѓа пред салонот на „мерцедес“ во Скопје, изграден според високи светски стандарди кои овозможуваат премиум услови во работната средина, а нуди и значителна заштеда на енергија, како и поголема еколошка одржливост. Како извор на греење и ладење на објектот се користат топлински пумпи кои овозможуваат истовремено греење или ладење на различни простории. Стаклата на прозорците овозможуваат висока пропустливост на светлина, а ниска спроводливост на топлина и заштита од УВ зрачење.

    Во зградата има и фитнес сала со 15-тина најсовремени справи, а во план е отворање и современ панорамски ресторан само за вработените во деловниот центар.

    Од компанијата велат дека имајќи го предвид капацитетот на објектот, како и актуелниот проблем со паркирањето во Скопје, особено внимание е посветено токму на ова прашање, поради што објектот располага со подземна гаража на 3 нивоа, со капацитет од вкупно 130 возила, како и надворешен паркинг за 60 возила.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира