ВОСОКОТ ЗА СКИИ СО ОПАСНИ ХЕМИКАЛИИ Е ОДЛИЧЕН ЗА ПОГОЛЕМА БРЗИНА, НО КАТАСТРОФАЛЕН ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

    ВОСОКОТ ЗА СКИИ СО ОПАСНИ ХЕМИКАЛИИ Е ОДЛИЧЕН ЗА ПОГОЛЕМА БРЗИНА, НО КАТАСТРОФАЛЕН ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАСпустот во Кицбил е една од најпрестижните трки во алпско скијање. (Фото: СДК.МК)

    Скијачката сезона во Европа се приближува кон крајот, но хемикалиите оставени од скијачите и сноубордерите ќе останат на Алпите засекогаш. Токсичните супстанци кои се користат во восокот за скии помагаат да се намали фрикцијата и тоа им помага на натпреварувачите, посебно во крос кантри скијањето, да постигнат максимална брзина. Во зимските спортови каде што за победа на трките одлучуваат делови од секунда, секоја погодност, вклучувајќи ја и употребата на восок за скии, е клучна.

    Но, овие супстанци, познати како „вечни хемикалии“, бидејќи им е потребно многу долго време да се распаднат во природата, се поврзани со редица здравствени проблеми, вклучувајќи неплодност, рак и оштетувања на црниот дорб.

    Тоа поттикна коалиција на пет европски земји да притиснат за забрана на овие хемикалии во ЕУ, вклучувајќи и во производи како козметика и амбалажа за храна, како и восок за скии. Неколку меѓународни и национални ски федерации исто така забранија восок кој ја содржи супстанцата ПФАС.

    Но, професионалните скијачи повикаа на внимателност бидејќи е премногу лесно да се мами на хемиските тестови и дека разликата во перформансите меѓу токсичниот восок и побезбедните алтернативи и премногу голема.

    Сепак, активистите за заштита на животна средина предупредуваат дека ако не бидат забранети овие хемикалии, последиците ќе бидат катастрофални за околината, како и за луѓето кои живеат во близина на скијачките терени.

    „Од еколошка перспектива, голем проблем со овие супстанци е што имаат неверојатно долг период на распаѓање. Знаеме дека ќе бидат со нас со векови, ако не и подолго“, вели Кејт Крофорд, професорка по студии за животна средина

    „Реалноста е дека восокот за скии има потенцијал значително да ги зголеми концентрациите на ПФАС во областа околу зимските одморалишта“, додаде таа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира