Филмската ѕвезда и поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер сака активистите за животна средина да обрнат повеќе внимание на непосредните здравствени ризици, како што се аерозагадувањето и загадувањето на водата.
Шварценегер вчера зборуваше на глобалната конференција за клима, која што се оддржува во германскиот град Бон и каде што дипломатите од целиот свет дискутираат за имплементација на договорот за клима од Париз.
Тој рече: „Време е да се разбудиме и да почнеме да зборуваме за нештата кои се навистина важни, 25.000 секој ден умираат поради загадување“.
Шварценегер, исто така, ја критикуваше и еколошката заедница дека ја промашила поентата во нејзините пораки за глобалното затоплување. Тој додаде: „Луѓето не се фокусираат многу на податокот дека за два степени пораснала температурата или дека раст морското ниво“
Шварценегер смета дека треба да се повика на внимание за конкретни теми, како што се: „многу луѓе имаат проблем со ракот, а децата со астма“. Според него, тоа е многу подобар пристап за подигање на јавната свест за климатските промени.