ЗА 20 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ИСПЛАТИЛА 4,8 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЗА ШТЕТИ

    ЗА 20 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ИСПЛАТИЛА 4,8 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЗА ШТЕТИКомпанијата е на второто место на осигурителниот пазар. претседателката на Управниот одбор Марија Томеска (во средина) - (Фото: Еуролинк осигурување)

    Над 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите има исплатено „Еуролинк осигурување“ за 20 години постоење, објави компанијата на одбележувањето на јубилејот. Компанијата, која започна со работа при крајот на 2002 со само 14 вработени и една канцеларија, за 20 години на македонскиот пазар има 212 вработени и 33 филијали, има над 630.000 клиенти и издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување.

    „Веќе 20 години континуирано растеме и се развиваме, посветени на креирањето најсоодветни осигурителни решенија што го подобруваат животот на нашите клиенти. Во изминатите години воведовме многу иновации на нашиот пазар, вклучувајќи ги онлајн продажбата, онлајн плаќањето, онлајн филијалата, како и сега популарното приватно здравствено осигурување. Поставивме нови стандарди, постигнавме одлични резултати, изградивме извонреден тим и станавме членка на моќната австриска групација ГРАВЕ. Нашата успешна приказна се должи, пред сè, на довербата што ја добиваме од клиентите и на исклучително добриот тим на вработени што секојдневно ја градат нашата компанија преку нивната посветеност. Најдобра и наједноставна услуга за клиентите е нашиот императив што и натаму ќе нè води напред. Затоа, ќе продолжиме да работиме одговорно и да вложуваме максимално во дополнително усовршување на сите наши услуги“, рече на денешната презентација Марија Томеска, претседателка на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“.

    Вкупниот пазарен удел на „Еуролинк осигурување“ со завршувањето на 2021 година е 11,68 %, а компанијата го зазема второто место на осигурителниот пазар. „Еуролинк осигурување“ е пазарен лидер и избор број 1 во приватното здравствено осигурување, имотното осигурување од пожар и други опасности и во осигурувањето од одговорност, каде што во секоја од овие класи одржува четвртина од пазарот и е лидер во класата осигурување воздухоплови со 88 % пазарен удел. Во текот на 2021, компанијата има исплатено над 362 милиони денари во штети и има обесштетено повеќе од 12.500 субјекти. Минатата година, „Еуролинк осигурување“ оствари рекордна добивка во висина од 101.831.409 денари, стабилен годишен раст од 17 % во услови кога пазарот пораснал 16 % и има вкупен капитал што надминува 580 милиони денари.

    Денеска беше претставена и кампањата за одбележување на јубилејот, а компнијата најави и целосна дигитална трансформација заради овозможување полесен пристап до осигурителните услуги, воведување нови услуги, како и нови активности во заедницата и платформа насочена кон поттикнување здрави навики и зачувување на животната средина.

    Од преставувањето на кампањата за одбележување на јубилејот – (Фото: Еуролинк осигурување)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира