ЛЕГЕНДАТА НА СПОРТСКОТО НОВИНАРСТВО АТАНАС КОСТОВСКИ ВО НОВИОТ СПОТ „ЗАЕДНО И СЀ Е МОЖНО“ НА СКОПСКО ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    ЛЕГЕНДАТА НА СПОРТСКОТО НОВИНАРСТВО АТАНАС КОСТОВСКИ ВО НОВИОТ СПОТ „ЗАЕДНО И СЀ Е МОЖНО“ НА СКОПСКО ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОГлавен лик во спотот е легендата на македонското спортско новинарство Атанас Костовски

    „Заедно и сè е можно“ е пораката на новата реклама на „Скопско“, која треба да инспирира да се свртиме кон други, да си подадеме рака и преку секојдневни мали гестови да направиме да биде убаво.

    „Пораката ‘Заедно и сè е можно‘ има за цел да нè потсети на значењето на насмевките и поддршката помеѓу соседите, убавината на маалската дружба и на важноста на добрината и грижата што си ја покажуваме едни на други. Прославувањето на овие моменти е всушност сржта на ‘Скопско‘ како бренд“, велат од „Пивара Скопје“.

    Главен лик во спотот е легендата на македонското спортско новинарство Атанас Костовски, со кого многу генерации споделуваа спортски победи и порази. Во оваа историска фудбалска година само се потврдува дека среќата и успехот се уште посилни кога ги споделуваме со луѓето околу себе и полесно се носиме со поразот кога сме заедно.






    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира