Осуммината величенствени пратеници од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, на чело со Крсто Мукоски и Талат Џафери како на контејнер собира пари за пратениците беа едни од поатрактивните маски на Вевчанскиот карневал што се одржа викендов.
Низ улиците на Горно и Долно Маало, во нивниот препознатлив стил и хумор продефилираа и маски кои претставуваа комисија за доделување на Нобелова награда, промената на името на земјава, специјалните обвинителки, странски инвеститори, ѕидот на Трамп на границата со Мексико, загадениот воздух. На дефилето не изостанаа ни Глупави Августи, ѓаволи, музичари, кои ги рефлектираат случувањата во Македонија и во странство.
Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите на Балканот и се верува дека е стар 1.400 години. Во 1993, Вевчанскиот карневал официјално стана дел од Светската федерација на карневалски градови.
„Вевчански карневал значи дводневна тотална слобода и најголем театар на отворено на светот. Тој исто така е оригинален начин да се прослави Нова година, спој на паганското и современото, фестивал на сатирата на кој отворено се критикуваат власта и општествените збиднувања од претходната година“, вели градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски.
За време на тридневната манифестација, препознатлива по својата архаичност и уникатни маски, организаторите најавија над 1.000 маски и 10.000. Карневалот завршува утре со традиционалното палење на маските.