ЗАТВОРЕНИКОТ КОЈ ТВРДИ ДЕКА УБИЛ 93 ЖЕНИ СЕГА Е НАЈГОЛЕМИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД, ОБЈАВИ ФБИ

    ЗАТВОРЕНИКОТ КОЈ ТВРДИ ДЕКА УБИЛ 93 ЖЕНИ СЕГА Е НАЈГОЛЕМИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД, ОБЈАВИ ФБИИстражителите веруваат дека тврдењата на Семјуел Литл се веродостојни (Фото: АП)

    Затвореникот кој тврди дека убил повеќе од 90 жени низ САД сега важи за најсмртоносниот сериски убиец во историјата на земјата, објави ФБИ.

    Семјуел Литл, кој е зад решетки од 2012 година, им кажал на истражителите дека е одговорен за 93 убиства, извршени од 1970 до 2005. ФБИ верува дека сите негови тврдења се веродостојни и досега се потврдени 50 од нив. Истражителите добиле нови информации и детали за пет случаи од Флорида, Арканзас, Кентаки, Невада и Луизијана.

    Седумдесет и деветгодишниот Литл служи неколку доживотни затворски казни во Калифорнија. Тој изјавил дека задавил 93 жртви и речиси сите биле жени. Некои од нив биле на маргините на општеството, па оригинално било заклучено дека починале од предозирање или во случајни и неутврдени околности. Некои тела никогаш не се пронајдени.

    ФБИ добил цртежи од 30-ина жртви, што Литл самиот ги насликал во затвор. Повеќето од жените биле црномурести.

    Литл беше осуден за три убиства во 2013, а во август ја призна вината за уште четири.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари