ЖЕНА КОЈА 14 ГОДИНИ Е ВО КОМА СЕ ПОРОДИ ВО БОЛНИЦА ВО ФЕНИКС

    ЖЕНА КОЈА 14 ГОДИНИ Е ВО КОМА СЕ ПОРОДИ ВО БОЛНИЦА ВО ФЕНИКСПолицијата отвори истрага по анонимна дојава од болницата „Хасиенда“

    Полицијата на Феникс, Аризона, отвори истрага откако се породи жена која 14 години лежи во кома во локалната болница. Неименуваната жртва родила здраво машко бебе на 29 декември и полицијата почна да го испитува случајот по анонимна дојава од болницата.

    „Никој од вработените не бил свесен дека таа е трудна сè до самото породување. Од она што го слушнав, таа почнала да стенка и никој не знаел што е проблемот“, изјави еден од вработените, чиј идентитет не беше откриен.

    Од болницата „Хасиенда“ кажаа дека спроведуваат внатрешна истрага и дека внимателно се грижат за пациентката. Таа е сместена во оваа установа повеќе од десет години, откако речиси се удавила, по што паднала во кома.

    „Една од медицинските сестри ја породила жената. Бебето е живо и здраво“, кажа извор од болницата.

    Оттаму велат дека е чудо што немало компликации при породувањето, бидејќи жена во вегетативна состојба не може да влијае врз процесот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари