ЖИТЕЛИТЕ НА БОСАНСКОТО СЕЛО ЈЕЗЕРО СО ПОСЕБЕН ИНТЕРЕС ГО ОЧЕКУВААТ ВЕЧЕРАШНОТО СЛЕТУВАЊЕ НА СОНДАТА „ПЕРСЕВЕРАНС“ НА МАРС

    ЖИТЕЛИТЕ НА БОСАНСКОТО СЕЛО ЈЕЗЕРО СО ПОСЕБЕН ИНТЕРЕС ГО ОЧЕКУВААТ ВЕЧЕРАШНОТО СЛЕТУВАЊЕ НА СОНДАТА „ПЕРСЕВЕРАНС“ НА МАРСНАСА во 2019 ги извести локалните власти дека планира да именува кратер на Марс според селото (Фото: Танјуг)

    Жителите на босанското село Језеро преку видеобим поставен во дворот на единственото училиште во местото ќе го следат вечерашното слетување на американската сонда „Персеверанс“ на Марс. Тие со посебен интерес го очекуваат настанот, зашто е предвидено сондата да слета во кратер именуван според нивното село.

    Тие велат дека ова е историски ден за илјада жители на селото, кои од војната во БиХ имаат видено само мака и сиромаштија.

    „Кога првпат на телевизија слушнав дека НАСА именувала кратер на Марс според нашето село бев многу изненаден и помислив дека конечно нешто убаво ни се случува“, изјави локалниот жител Милан Котањац.

    Многумина жители се надеваат дека истражувањето на кратерот ќе привлече поголем број посетители во нивната зелена долина покрај Пливско Езеро. Језеро се наоѓа во североисточниот дел на Република Српска, во близина на Јајце.

    НАСА во 2019 ги извести локалните власти дека планира да именува кратер долг 45 километри според селото, зашто научниците веруваат дека во него некогаш се наоѓало езеро.

    Слетувањето на „Персеверанс“ во Језеро се очекува вечерва пред 22 часот по македонско време. Главните цели на мисијата ќе бидат потрага по знаци на древен живот и собирање примероци од карпи, што ќе бидат донесени на Земјата во следната деценија. За таа цел, возилото е опремено со низа напредни инструменти, повеќе од 20 камери и со неколку микрофони.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира