ЖИВЕЕЛА 99 ГОДИНИ, ИАКО СИТЕ ВНАТРЕШНИ ОРГАНИ Ѝ БИЛЕ НА ПОГРЕШНАТА СТРАНА ОД ТЕЛОТО

    ЖИВЕЕЛА 99 ГОДИНИ, ИАКО СИТЕ ВНАТРЕШНИ ОРГАНИ Ѝ БИЛЕ НА ПОГРЕШНАТА СТРАНА ОД ТЕЛОТО„Ситус инверсус“ е многу ретка состојба и се случува еднаш на 22.000 раѓања. - Роуз Мари Бентли

    Жена од Орегон, која починала на 99 години од природна смрт, цел живот не била свесна дека внатрешните органи ѝ се на погрешната страна од телото, што се должело на ретка вродена состојба. Роуз Мари Бентли, сопственичка на продавница за домашни миленици, починала во октомври 2017 и своето тело го донирала за истражувања на универзитетот во Портланд.

    Студентите на час по анатомија први забележале дека нејзините органи не се таму каде што треба да бидат. И покрај многуте операции, нејзината состојба не била идентификувана. Лекарите биле вџашени што Бентли успеала да живее толку долго и здраво, и покрај својата состојба.

    Нејзините црн дроб, желудник и други внатрешни органи се наоѓале на левата, место на десната страна, како што е типично за човечка анатомија, но срцето ѝ било во нормална позиција.

    „Ова го надминува она што го сметаме за необично. Сè почнало кога студентите ја сечеле кардиоваскуларната празнина, при што не биле во можност да пронајдат главен крвен сад. Ова довело до каскаден ефект, кога увиделе дека телото на госпоѓа Бентли е навистина уникатно“, изјави Кем Вокер, професор по анатомија на Медицинскиот универзитет во Орегон.

    Состојбата „ситус инверсус“ е многу ретка и се случува еднаш на 22.000 раѓања и вообичаено е проследена со сериозни здравствени проблеми. Вокер проценува дека еден од 50 милиони луѓе родени со оваа состојба доживува зрелост и научниците знаат за само два случаи кога пациентите живееле до 70 години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира