ЗМИЈА ПРОНАЈДЕНА ВО АВИОН ПО СЛЕТУВАЊЕТО ВО ЊУ ЏЕРСИ, НЕ СЕ ЗНАЕ КАКО ВЛЕГЛА

    ЗМИЈА ПРОНАЈДЕНА ВО АВИОН ПО СЛЕТУВАЊЕТО ВО ЊУ ЏЕРСИ, НЕ СЕ ЗНАЕ КАКО ВЛЕГЛААвионот на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ пристигнал од Флорида (Фото: Гети)

    Иако звучи како сцена од холивудски филм, на властите не им требаше помош од Семујел Џексон, ѕвездата на „Змии во авион“, кога еден патник нашол змија под нозете по слетувањето на меѓународниот аеродром во Њуарк, Њу Џерси.

    Локалните власти кажаа дека полицијата и обезбедувањето на аеродромот го пречекале авионот и ја отстраниле змијата, при што немало повредени.

    „Патниците од бизнис класата почнаа да врескаат и да ги креваат нозете, додека авионот се паркираше на пистата“, изјави еден патник.

    Авионот на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ пристигнал од Тампа, Флорида и за разлика од филмот од 2006 година, инцидентот не се одрази врз работењето на аеродромот. Не е познато како змијата се нашла во авионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира