ЅВЕЗДИТЕ ОД „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“ СОБИРААТ ПАРИ ДА СЕ ОТКУПИ КУЌАТА НА ТОЛКИН И ДА СТАНЕ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

    ЅВЕЗДИТЕ ОД „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“ СОБИРААТ ПАРИ ДА СЕ ОТКУПИ КУЌАТА НА ТОЛКИН И ДА СТАНЕ КУЛТУРЕН ЦЕНТАРСер Ијан Мекелен, кој го играше Гандалф во „Господар на прстените“ е меѓу славните личности кои бараат поддршка од фановите за да соберат над 4 милиони фунти за да се купи куќата на Толкин од 1924. (Фото: Би-Би-Си)

    Легендарниот британски актер, сер Ијан Мекелен се вклучи во кампањата за да се откупи куќата каде живеел Џ. Р. Р. Толкин. Мекелен, кој го играше Гандалф во трилогијата на Толкин „Господар на прстените“, и Мартин Фримен кој го играше Хобитот, се меѓу славните личности кои бараат „поддршка од фановите“ за да соберат над 4 милиони фунти за да се купи куќата.

    Целта на „Проект Нортмур“, кој го почна писателката Џулија Голдинг, е да се откупи куќата и да се реставрира заедно со градините и „да може да пречекува обожаватели на Толкин од целиот свет“. Одговорните лица од кампањата велат дека моментално никаде во светот нема културен центар или објект посветен на Толкин.

    Се верува дека Толкин ги напишал „Хобитот“ и „Господар на прстените“ во куќата, каде живеел со семејството од 1930 до 1947 година. Куќата се наоѓа во Оксфорд, и скоро и да не е променета како е изградена во 1924.

    Кампањата ја поддржаа и Ени Ленокс која напиша и испеа песна во „Враќањето на кралот“, како и илустаторот на Средната Земја Џон Хови.

    „Нема да успееме без поддршката на фановите на Толкин од целиот свет. Ќе успееме само ако го направиме ова заедно, како дружина“, вели 81-годишниот Мекелен во порака на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира