119 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 2.324 ТЕСТИРАЊА, ПОЧИНАА ТРИ ЛИЦА

    119 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 2.324 ТЕСТИРАЊА, ПОЧИНАА ТРИ ЛИЦАМоментално има 4.691 активен случај на зараза (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите 24 часа во Македонија се регистрирани тројца починати од ковид-19, како и 119 нови случаи на зараза од направените 2.324 тестирања.

    Починати се по еден пациент од Битола (49 години), Скопје (71) и Струмица (82), а најголем дел од новозаразените се од Скопје – 87. Потоа следуваат Битола со 7, Кавадарци со 6, Куманово со 4, Прилеп со 3, Свети Николе и Македонски Брод со по 2, и Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија со по еден нов случај.

    Регистрирани сe 257 оздравени пациенти, од кои 117 во Скопје.

    Од почетокот на пандемијата во земјата се направени 1.576.424 тестирања за ковид-19, при што бројот на заразени изнесува 223.330. Оздравеле 210.732 лица, а починале 7.907. Моментално има 4.691 активен случај на зараза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира