12 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, СЕДУМ ОД СКОПЈЕ И ПЕТ ОД КУМАНОВО

    12 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, СЕДУМ ОД СКОПЈЕ И ПЕТ ОД КУМАНОВОСо ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.(Фото: К. Попов)

    Дванаесет нови заболени лица со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Седум лица се од Скопје и пет од Куманово.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои 1 починат,  Куманово (8) – од кои 1 починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).

    „Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот Мој термин тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање. Од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на Мој термин. Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите“, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира