12 ОТСТО ОД ПРАТЕНИЦИТЕ НИ СЕ ВО ПРИТВОР, НЕМА ДЕМОКРАТСКИ АМБИЕНТ ЗА РАБОТА ВО СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    12 ОТСТО ОД ПРАТЕНИЦИТЕ НИ СЕ ВО ПРИТВОР, НЕМА ДЕМОКРАТСКИ АМБИЕНТ ЗА РАБОТА ВО СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ МИЦКОСКИПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со пратениците на пратеничката група пред Собранието. (Фото: М. Златевска)

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува надвор од работата на Собранието сè додека не се создадат услови за нормално демократско функционирање на законодавниот дом, соопшти денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    „Во моментов нема демократски амбиент за работа на Собранието. 12 проценти од пратениците сè уште се во притвор. Тоа се 5 отсто од вкупниот број пратеници кои се соочуват со конструирано обвинение за тероризам. Човековите права беа прекршени, а власта демонстрираше сила врз народните избраници“, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за притворените пратеници Крсто Мукоски и Сашо Василески, за кои цела јавност виде како ги отворија собраниските врати за да влезе толпата која претепа пратеници, нападна полиција и новинари, но и за пратениците Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и останатите нивни колеги од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа во собранискиот хол и ги насочуваа тепачите каде да ги најдат пратениците од СДСМ и пратеникот Зијадин Села.

    Мицкоски останува на ставот дека во Македонија има „класичен политички прогон, пресметка на институциите со сите што мислат поинаку кои не се плашат да се спротивстават на антидржавните политики предводени од СДСМ“. Тој се повика и на констатациите на Народниот правобранител Иџет Мемети за кршењето на правилникот на полицијата за апсење на лица со имунитет и побара кривична одговорност за одговорни во МВР.

    „Во прилог на недемократскиот амбиент е и што десетици други уметници, оперски пејачи и архитекти се во притвор, со измислена конструкција за тероризам“, рече тој.

    На прашање дали со тоа што смета дека случајот за тероризам е конструиран случај против пратениците, вели дека тие не треба да одговараат за 27 април, а сите други да одговараат или дали смета дека никој можеби не треба да одговара за нападот на Собранието на 27 април, Мицкоски одговори:

    „Можеби не сте го слушнале од почеток моето денешно обраќање. Сите луѓе што беа опфатени од она што е вели политички прогон, беа споменати“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира