12 ПОЧИНАТИ И НОВИ 46 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 378 ТЕСТОВИ

    12 ПОЧИНАТИ И НОВИ 46 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 378 ТЕСТОВИБројот на активни случаи во моментов изнесува 18.798. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 46 нови случаи на ковид-19 од направени 378 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје 22, Куманово 2, Прилеп 1, Тетово 1, Струга 7, Охрид 3, Кавадарци 4, Гостивар 3, Македонски Брод 1, Ресен 1 и Неготино 1.

    Изминатите 24 часа починати се 12 лица, од кои пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.). Сите се починати во болнички услови.

    Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.789, бројката на оздравени пациенти е 62.469, на починати е 2.522, а бројот на активни случаи изнесува 18.798.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 36173, активни 11009
    • Куманово 4756, активни 509
    • Дебар 640, активни 125
    • Штип 3311, активни 230
    • Прилеп 4248, активни 529
    • Тетово 4778, активни 830
    • Струга 2052, активни 316
    • Велес 2777, активни 474
    • Битола 3048, активни 530
    • Охрид 2455, активни 506
    • Кавадарци 2148, активни 527
    • Гостивар 3397, активни 536
    • Гевгелија 1170, активни 282 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2316, активни 597
    • Крива Паланка 631, активни 122
    • Радовиш 625, активни 111
    • Крушево 167, активни 74
    • Кочани 1605, активни 209
    • Пробиштип 449, активни 39
    • Демир Хисар 236, активни 37
    • Македонски Брод 220, активни 26
    • Пехчево 156, активни 32
    • Берово 501, активни 48
    • Валандово 314, активни 57
    • Виница 447, активни 61
    • Делчево 671, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 193, активни 16
    • Свети Николе 1043, активни 89
    • Кичево 1577, активни 217
    • Ресен 652, активни 143
    • Неготино 1033, активни 311 (161 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 378 теста се преку: ИЈЗ-106, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-75, Систина со PCR метода -155, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -40, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира