130 ГРАЃАНИ ВРАТЕНИ ОД ЛОНДОН, ВКУПНО 2.431 ВРАТЕНИ СО ЧАРТЕР ЛЕТОВИ И КОНВОИ

    130 ГРАЃАНИ ВРАТЕНИ ОД ЛОНДОН, ВКУПНО 2.431 ВРАТЕНИ СО ЧАРТЕР ЛЕТОВИ И КОНВОИСо денешната бројка вкупниот број на вратени граѓани во нашата земја преку организирани чартер летови од Владата или хуманитарни конвои е 2.431.(Фото: ТАВ)

    130 македонски државјани денеска со чартер лет беа вратени во земјава од Лондон. Како што информираат од Министерството за надворешни работи на летот кон Лондон во соработка со британската амбасада биле превезени 60 странски државјани од Обединетото Кралство, САД и Австралија.

    „Исто така денеска се организира четвртиот по ред хуманитарен конвој, овој пат од Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во земјата ќе се вратат вкупно 64 македонски граѓани со 19 возила. Во изминатите неколку дена, во соработка со министерствата за надворешни работи на повеќе држави и во координација со нашите дипломатско-конзуларни претставништва, на 30 наши граѓани од САД и Австралија им беше обезбедено непречено  да транзитираат низ неколку држави со цел да дојдат до финалната дестинација, аеродромите во Софија и Солун“, информираат од Министерството за надворешни работи.

    Со денешната бројка вкупниот број на вратени граѓани во нашата земја преку организирани чартер летови од Владата или хуманитарни конвои е 2.431. Од МНР информираат дека наредните денови предвиден е и чартер лет за репатријација на наши државјани од Белгија и Франција.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира