131.138 БУЏЕТАРИ ИМАЛО НА КРАЈ НА 2020, 1.717 ПОМАЛКУ ОД 2019

    131.138 БУЏЕТАРИ ИМАЛО НА КРАЈ НА 2020, 1.717 ПОМАЛКУ ОД 2019Во јавниот сектор повеќе од вработените се жени и тоа 54,83 проценти. - Управа за водење матични книги (Фото: К. Попов)

    Во јавниот сектор се вработени 131.183 лица, заклучно со 31 декември 2020 година, кажа министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири на денешната прес-конференција на која го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор. Најголем дел од нив (32%) се во образование, потоа следуваат здравство (19%), управата (14%), комунални дејности (9,6%), детска заштита и социјална политика (6,8%)…

    Во вкупниот број вработени влегува целиот јавен сектор, односно вработени во институциите од државната власт, oпштините, јавните установи од областа на образованието, здравството, културата, социјалната заштита, јавните претпријатија итн.

    Како што кажа Шаќири, во споредба со претходната 2019 година, бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 1.717 лица. Намалувањето, вели тој, е во органите на државната управа, додека во институциите од здравството и од детската и социјалната заштита има зголемување на вработените.

    Според извештајот, во јавниот сектор повеќе од вработените се жени и тоа 54,83 проценти, наспроти мажите кои се застапени со 45,17 проценти, а просечната возраст на вработени изнесува 46 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира