14 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 242 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 61-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ

    14 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 242 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 61-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦВкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 1.586, од кои оздравени 1.099, починати е 90, а во моментов активни 397. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пациент од Тетово на 61-годишна возраст почина од коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“, бил хоспитализиран на 28 април, велат од Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа се направени 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје – 5, Прилеп – 2, Тетово – 1 и Велес – 6.

    Во изминатото деноноќие, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти. Во „8 Септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На Инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје – 1, Куманово – 9, Прилеп  – 2, Велес – 7 и Битола – 1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 1.586, од кои оздравени 1.099, починати е 90, а во моментов активни 397. Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 531, активни 130
    Куманово – 404, активни 61
    Дебар – 51, активни 0
    Штип-35, активни 2
    Прилеп –169, активни 62
    Тетово – 96, активни 42
    Струга – 67, активни 16
    Велес – 101, активни 46
    Битола –22, активни 3
    Охрид –15, активни 9
    Кавадарци – 5, активни 1
    Гостивар –17, активни 3
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 2, активни 0
    Крива Паланка- 6, активни 2
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 31, активни 5
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 2, активни 1
    Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 1
    Пехчево- 2, активни 2
    Делчево-1, активни 1
    Валандово -1, активни 1
    Виница – 2, активни 1
    Кратово-1, активни 1

    Направените 242 теста се преку: ИЈЗ –107, Ветеринарен факултет -11, Авицена –3, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со ПЦР метода -22 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на КОВИД -19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира