16 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 2.873 ТЕСТОВИ, НЕМА ПОЧИНАТИ

    16 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 2.873 ТЕСТОВИ, НЕМА ПОЧИНАТИВо земјава веќе има регистрирано 4 случаи на делта сојот на ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Шеснаесет нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од 2.873 тестирања, нема починати од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче денес кажа дека во земјава веќе има регистрирано 4 случаи на делта сојот на ковид-19.

    Новите случаи се од: Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1.

    Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.

    Направени се 2.873 тестови преку: ИЈЗ-118, ЦЈЗ Скопје-20, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-63, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово–13, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ „8 Септември“-8, Институт за микробиологија–14, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-193, Биотек-138, Систина-80, лабораторија Лаор-122, Синлаб-63, Ремедика-15, Плодност–18, Генеа–1, Никоб лаб-457, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1399.

    Досега во земјата се направени вкупно 894.904 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 155.732,  оздравени се 150.104, починаа 5.486, а активни случаи се 142.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 68685, Активни 55
    Куманово 8884, Активни 11
    Прилеп 8328, Активни 6
    Тетово 7257, Активни 18
    Битола 6309, Активни 5
    Велес 5474, Активни 2
    Гостивар 5183, Активни 2
    Кавадарци 5155, Активни 2
    Охрид 5020, Активни 10
    Штип 4960, Активни 0
    Струмица 4123, Активни 9
    Струга 2982, Активни 1
    Кочани 2792, Активни 0
    Кичево 2600, Активни 14
    Гевгелија 2195, Активни 0
    Неготино 2184, Активни 0
    Свети Николе 1524, Активни 0
    Ресен 1234, Активни 0
    Крива Паланка 1227, Активни 2
    Радовиш 1161, Активни 0
    Берово 1032, Активни 3
    Делчево 973, Активни 0
    Дебар 942, Активни 1
    Виница 886, Активни 0
    Пробиштип 789, Активни 0
    Валандово 667, Активни 0
    Богданци 494, Активни 0
    Крушево 490, Активни 0
    Демир Хисар 400, Активни 0
    Демир Капија 396, Активни 0
    Кратово 377, Активни 0
    Македонски Брод 359, Активни 0
    Пехчево 269, Активни 1
    Македонска Каменица 249, Активни 0
    Дојран 132, Активни 0

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира