17.273 административци годинава ќе добијат регрес за годишен одмор (К-15). Од кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски велат дека за оваа намена во буџетот на државата се предвидени 155. 457.000 денари односно околу 2,5 милиони евра.
Од таму додаваат дека до крајот на неделата министерот Манчевски ќе го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ.
Владата на последната седница донесе одлука К-15 од оваа година да им се исплаќа на за административните службеници и правосудните органи. Покрај регрес за годишен одмор тие се стекнуваат со право на дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право, се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите.
А. АНТЕВСКА