2 ПОЧИНАТИ, 152 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.630 ТЕСТОВИ, СТРУМИЦА И КОЧАНИ СЕ ЖАРИШТА

    2 ПОЧИНАТИ, 152 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.630 ТЕСТОВИ, СТРУМИЦА И КОЧАНИ СЕ ЖАРИШТАВо Кочани се регистрирани нови 18 позитивни, активни се 128, а во Струмица нови 14 позитивни, а активни се 130 случаи; - Медицински лица пред Инфективната клиника во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Во болница починаа две лица по компликации од ковид-19, 77-годишен охриѓанец и 62-годишен пациент од Радовиш, а во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања и регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    Најмногу новозаболени има во Скопје-58, па следат: Куманово-5, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-6, Струмица-14, Кочани-18, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-4, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 153, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од: Скопје-32, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-7, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Гостивар-1, Гевгелија-15, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Пехчево-5, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 17.200, оздравеа 14.312, починаа 712, а активни случаи се 2.176. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6.739, активни 625

    • Куманово 1.713, активни 176

    • Дебар 282, активни 41

    • Штип 1.239, активни 53

    • Прилеп 643, активни 124

    • Тетово 1.405, активни 176

    • Струга 660, активни 64

    • Велес 313, активни 35

    • Битола 285, активни 62

    • Охрид 416, активни 51

    • Кавадарци 222, активни 37

    • Гостивар 918, активни 107

    • Гевгелија 115, активни 49 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 204, активни 130

    • Крива Паланка 102, активни 27

    • Радовиш 74, активни 22

    • Крушево 20, активни 3

    • Кочани 304, активни 128

    • Пробиштип 107, активни 19

    • Демир Хисар 61, активни 2

    • Македонски Брод 92, активни 13

    • Пехчево 42, активни 3

    • Берово 91, активни 29

    • Валандово 24, активни 15

    • Виница 103, активни 26

    • Делчево 154, активни 83 (33 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 2

    • Свети Николе 322, активни 22

    • Кичево 315, активни 36

    • Ресен 162, активни 14

    • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.630 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-418, Биотек-147, МАНУ -100, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со ПЦР метода -117, лабораторија Лаор –23, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-3, ГАК-14, Синлаб-26, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 68

    • Гази Баба – 74

    • Аеродром – 93

    • Карпош – 71

    • Центар – 89

    • Кисела Вода – 64

    • Ѓорче Петров – 36

    • Бутел – 33

    • Шуто Оризари – 16

    • Студеничани – 10

    • Сарај – 14

    • Арачиново – 8

    • Илинден – 23

    • Сопиште – 3

    • Чучер Сандево – 5

    • Петровец – 7

    • Зелениково – 1

    • Странец – 9

    • Нераспределен-1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира