200 ПОЛСКИ НАВИВАЧИ ПРИВЕДЕНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ОТКАКО СЕ СТЕПАЛЕ МЕЃУ СЕБЕ

    200 ПОЛСКИ НАВИВАЧИ ПРИВЕДЕНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ОТКАКО СЕ СТЕПАЛЕ МЕЃУ СЕБЕПолските навивачи се степале во близина на стадионот и вечерва ќе бидат задржани во полициска станица. (Фото: Фејсбук)

    Полски навивачи попладнево пак се степале меѓу себе во Скопје, а како што дознаваме неофицијално од Министерството за внатрешни работи околу 200 лица се приведени.

    „Поголема група навивачи се степале во Градскиот парк во близина на стадионот. Полициските припадници интервенирале и ги привеле“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министерството за внатрешни работи.

    Приведените навивачи вечерва додека трае фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Полска ќе бидат задржани во полициска станица, за да не се случат нови инциденти.

    Тепачка меѓу навивачите имаше и вчера во кафуле на Плоштад Македонија.

    Вечерва во 20.45 часот Македонија и Полска го играат првиот меѓусебен натпревар од квалификациите за пласман на европското првенство во 2020 година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира