22-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА МЕЃУ 21 ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19, УШТЕ 395 ПОЗИТИВНИ ОД 3.595 ТЕСТОВИ

    22-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА МЕЃУ 21 ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19, УШТЕ 395 ПОЗИТИВНИ ОД 3.595 ТЕСТОВИВо земјава има 6.813 активни болни од ковид-19, од кои најмногу се во Скопје, 3.413. (Фото: К. Попов)

    Вкупно 21 починат од ковид-19, од кои 7 во изминатиов месец, и уште 395 позитивни од 3.595 тестови се регистрирани изминативе 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Пријавени се 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од од 5 септември до 10 октомври. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

    Регистрирани се 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121,Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар иВиница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево иМакедонски Брод – по 1.

    Направени се 3.595 тестови преку: ИЈЗ-303, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ „8 Септември“-0, Институт за микробиологија–175,Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-167, Биотек-190, Систина-60, лабораторија Лаор-241, Синлаб-35, Ремедика-13, Плодност–61, Генеа-11, Никоб лаб-362,ВФВ Медикал-93, Ели Медика-60, Ројал Медика –13,Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) –вкупно 1.452.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.339.824 тестирањана ковид-19.

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 196.762, оздравени се 183.027, починаа 6.922, а активни се 6.813 болни.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира