25 ПОЧИНАТИ И 1.182 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 3.109 ТЕСТОВИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

    25 ПОЧИНАТИ И 1.182 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 3.109 ТЕСТОВИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСАВкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53.631. - Монтажната болница кај Инфективната клиника во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во последните 24 часа се регистрирани 1.182 нови случаи на ковид-19 од направени 3.109 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите 1.182 случаи по градови се од: Скопје-544, Куманово-48, Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4, Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18.

    Починати се 25 лица, од кои шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53.631, бројката на оздравени пациенти е 31.659, на починати е 1.487, а бројот на активни случаи изнесува 20.485. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 23612, активни 9854
    • Куманово 3357, активни 922
    • Дебар 421, активни 86
    • Штип 2383, активни 533
    • Прилеп 2521, активни 998
    • Тетово 3447, активни 979
    • Струга 1239, активни 392
    • Велес 1695, активни 771
    • Битола 1637, активни 808
    • Охрид 1362, активни 612
    • Кавадарци 1030, активни 441
    • Гостивар 2047, активни 710
    • Гевгелија 638, активни 218 (45 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 115 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1514, активни 591
    • Крива Паланка 381, активни 126
    • Радовиш 382, активни 128
    • Крушево 107, активни 69
    • Кочани 1111, активни 308
    • Пробиштип 313, активни 73
    • Демир Хисар 168, активни 73
    • Македонски Брод 145, активни 34
    • Пехчево 94, активни 27
    • Берово 312, активни 82
    • Валандово 177, активни 64
    • Виница 333, активни 171
    • Делчево 380, активни 164 (103 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 142, активни 77
    • Свети Николе 736, активни 230
    • Кичево 1114, активни 515
    • Ресен 386, активни 154
    • Неготино 447, активни 275 (44 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 3.109 теста се преку: ИЈЗ-665, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-326, Биотек-345, МАНУ -272, Жан Митрев (Филип Втори)-308, Систина со PCR метода -236, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-95, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-93, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-40, ЈЗУ (рапид тест) -535, УК Пулмологија со алергологија –5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 309.590 тестирања на Ковид -19.

    Активни случаи по општини Скопје денеска:

    • Чаир – 621
    • Гази Баба – 1462
    • Аеродром -1433
    • Карпош – 1211
    • Центар – 1188
    • Кисела Вода – 1207
    • Ѓорче Петров – 811
    • Бутел – 539
    • Шуто Оризари – 179
    • Студеничани – 51
    • Сарај – 148
    • Арачиново -36
    • Илинден – 246
    • Сопиште – 62
    • Чучер Сандево – 103
    • Петровец –124
    • Зелениково -68
    • Странец – 174
    • Нераспределен- 191

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира