26 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НАЈМЛАДИОТ Е НА 36 ГОДИНИ, УШТЕ 1.295 НОВИ ПОЗИТИВНИ ОД 3.315 ТЕСТОВИ

    26 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НАЈМЛАДИОТ Е НА 36 ГОДИНИ, УШТЕ 1.295 НОВИ ПОЗИТИВНИ ОД 3.315 ТЕСТОВИНа Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациенти; - Возило на Брза помош пред монтажната болница. (Фото: К. Попов)

    Дваесет и шест пациенти починаа во изминатото деноноќие по компликации од ковид-19, најмладиот е 36-годишен болен од Прилеп, а од 3.315 тестови регистрирани се 1.295 нови случаи, вели Министерството за здравство.

    Починати се шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74), еден од Куманово (86), еден од Штип (76), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74), двајца од Тетово (76 и 77), пациент од Струга (86), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82), еден од Охрид (72), двајца од Кавадарци (77 и 77) и еден пациент од Свети Николе (62).

    Во Скопје се регистрирани 539, Куманово-55, Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Охрид-26, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11, Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18.

    Според соопштението на Министерството кое стигна денес претпладне, во изминатите 24 часа, на Интерните клиники имало 12 приеми и тоа четири во ковид-центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и три пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноноќие имало 18 приеми, а во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 9 нови пациенти.

    На Клиниката за дерматологија во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни.

    Министерството за здравство попландево соопшти дека во болниците во внатрешноста има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во болницата во Штип се примени 5, а вкупно хоспитализирани 59 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 51 пациент, во Велес се лекуваат 75 болни, а во Куманово 66 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 80, во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пациенти, во Кочани 19, во Кичево 19, Кавадарци 42, а во Гевгелија 12 лица позитивни на коронавирусот.

    Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од: Скопје-190, Куманово-25, Штип-18, Прилеп-40, Тетово-30, Струга-1, Велес-26, Битола-11, Кавадарци-12, Гостивар-14, Гевгелија-13, Струмица-23, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-5.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 43.835, оздравеа 25.782, починаа 1238, а активни случаи се 16.815. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 19.189, активни 7.756
    • Куманово 2.883, активни 767
    • Дебар 402, активни 91
    • Штип 2.054, активни 460
    • Прилеп 2.000, активни 832
    • Тетово 3.000, активни 1014
    • Струга 1.007, активни 238
    • Велес 1.313, активни 736
    • Битола 1.197, активни 606
    • Охрид 1.059, активни 463
    • Кавадарци 810, активни 376
    • Гостивар 1.646, активни 526
    • Гевгелија 542, активни 220 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 92 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1.280, активни 627
    • Крива Паланка 314, активни 104
    • Радовиш 324, активни 118
    • Крушево 60, активни 34
    • Кочани 964, активни 318
    • Пробиштип 283, активни 103
    • Демир Хисар 143, активни 70
    • Македонски Брод 119, активни 17
    • Пехчево 72, активни 13
    • Берово 271, активни 80
    • Валандово 126, активни 39
    • Виница 259, активни 132
    • Делчево 337, активни 179 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 111, активни 70
    • Свети Николе 586, активни 139
    • Кичево 859, активни 372
    • Ресен 322, активни 113
    • Неготино 303, активни 202 (23 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 3.315 теста се преку: ИЈЗ-1.140, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-406, Биотек-282, МАНУ -295, Жан Митрев (Филип Втори) -206, Систина со ПЦР метода -358, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-105, Инфективна клиника-8, ГАК-0, Синлаб-78, Ремедика-45, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ (рапид тест) -246, УК Пулмологија со алергологија –0 , лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 283.085 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 458
    • Гази Баба – 1.066
    • Аеродром -1.205
    • Карпош – 1.032
    • Центар – 982
    • Кисела Вода – 964
    • Ѓорче Петров – 639
    • Бутел – 400
    • Шуто Оризари – 132
    • Студеничани – 39
    • Сарај – 87
    • Арачиново -20
    • Илинден – 192
    • Сопиште – 58
    • Чучер Сандево – 69
    • Петровец –74
    • Зелениково -47
    • Странец – 125
    • Нераспределен- 167

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира