До 15 часот излезноста на Локалните избори е 31,16 проценти. Како што кажаа на прес-конференцијата на Државната изборна комисија, добиени се податоци од 91,16 проценти од избирачки места и досега гласале 515.069 граѓани.
Најголема излезност има во општините Берово 40,14%, Богданци 39,57%, Валандово 35,88%, Гевгелија 35,78%, Градско 37,12%, Дебарца 43,43%, Демир Капија 46,65%, Дојран 48,88%, Зелениково 41,34%, Кратово 42,35%, Крушево 47,47%, Лозово 47,32%, Македонски Брод 48,21%, Новаци 52,84%, Пробиштип 45,12%, Росоман 46,46% и Чашка 53,19%.
Најмала излезност има во општините Центар Жупа 17,12%, Радовиш 24,24%, Маврово и Ростуше 20,14%, Гостивар 20,95% и Врапчиште 14,94%.
Во Град Скопје излезноста е 31,16 проценти, односно во Општина Аеродром излезноста е 31,50%, Бутел 30,10%, Гази Баба 27,82%, Карпош 33,37%, Кисела Вода 31,58 %, Центар 34,40, Чаир 35,30 %, Ѓорче Петров 30,11%, Сарај 36,33% и Шуто Оризари 21,99%.
Во ДИК рекоа дека досега нема пристигнати приговори.
Меѓутоа, кандидатите на една листа на независни за Општина Центар соопштија дека поднеле приговор затоа што покрај имињата на нивниот кандидат за градоначалник и носител на листа за советници не било отпечатено нивното лого што уште во септември било испратено до ДИК.
А. АНТЕВСКА