36-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ МЕЃУ 9 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 518 ПОЗИТИВНИ ОД 2.367 ТЕСТОВИ

    36-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ МЕЃУ 9 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 518 ПОЗИТИВНИ ОД 2.367 ТЕСТОВИНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти, а во „8 Септември“ има 3 приеми; - Возило на Брза помош пред монтажната болница до Инфективна. - (Фото: К. Попов)

    Девет лица починаа, од кои и 36-годишник од Скопје, а од 2.367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Починати се уште тројца пациенти од Скопје (60, 65 и 53), еден пациент од Штип (66), еден од Радовиш (72), еден од Струмица (71), еден од Пробиштип (75) и еден пациент од Македонска Каменица (44).

    „Починатиот 36-годишен пациент е примен на Инфективната клиника во Скопје на 19 октомври, поставен на неинвазивна вентилација ден подоцна. При прием, пациентот имал масивна пневмонија и сатурација од 75%. Пациентот бил обезен, имал ХТА (висок крвен притисок) и ДМ (дијабетес мелитус, тип 2) за што примал терапија“, ни рекоа од Министерството.

    Во Скопје се регистрирани 261 нов случај, во Куманово-13, Штип-19, Прилеп-21, Тетово-30, Струга-5, Велес-13, Битола-21, Охрид-15, Кавадарци-11, Гостивар-10, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Планка-4, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-6, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-8, Кичево-13, Ресен-6, Неготино-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 18 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од: Скопје-112, Куманово-2, Штип-7, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-1, Велес-2, Битола-9, Охрид-3, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-10, Радовиш-5, Кочани-8, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-3.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 25.991, оздравеа 18.247, починаа 883, а активни случаи се 6.861. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 11.024, активни 3.320
    • Куманово 2.080, активни 301
    • Дебар 315, активни 53
    • Штип 1.522, активни 192
    • Прилеп 1.035, активни 294
    • Тетово 1.857, активни 367
    • Струга 767, активни 81
    • Велес 482, активни 131
    • Битола 521, активни 171
    • Охрид 582, активни 149
    • Кавадарци 405, активни 152
    • Гостивар 1.075, активни 120
    • Гевгелија 309, активни 167 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 676, активни 394
    • Крива Паланка 199, активни 73
    • Радовиш 199, активни 80
    • Крушево 21, активни 1
    • Кочани 614, активни 198
    • Пробиштип 152, активни 23
    • Демир Хисар 71, активни 10
    • Македонски Брод 98, активни 4
    • Пехчево 57, активни 11
    • Берово 179, активни 44
    • Валандово 92, активни 45
    • Виница 160, активни 57
    • Делчево 221, активни 123 (46 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 34, активни 8
    • Свети Николе 445, активни 68
    • Кичево 472, активни 122
    • Ресен 220, активни 53
    • Неготино 107, активни 49 (16 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.367 теста се преку: ИЈЗ-721, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена-496, Биотек-271, МАНУ -170, Жан Митрев (Филип Втори) -210, Систина со ПЦР метода -136 , лабораторија Лаор –77, Судска медицина-28, ЦЈЗ Битола-99, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 159
    • Гази Баба – 403
    • Аеродром – 649
    • Карпош – 516
    • Центар – 510
    • Кисела Вода – 387
    • Ѓорче Петров – 275
    • Бутел – 132
    • Шуто Оризари – 22
    • Студеничани – 6
    • Сарај – 21
    • Арачиново – 10
    • Илинден – 58
    • Сопиште – 27
    • Чучер Сандево – 12
    • Петровец –19
    • Зелениково – 8
    • Странец – 19
    • Нераспределен- 87

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира